ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ – ЧЕТВРТИ ВО ЈУГОСЛАВИЈА

Историја

Istorija

Петтото ракометно машко младинско првенство на Југославија се одржа во Универзалната сала од 1 – 3 февруари 1980 година. Учествуваа: Рудар Пљевља (Црна Гора), Металопластика Шабац (Србија), Аеро Цеље (Словенија), Сента (Војводина), Слога Добој (Босна и Херцеговина), Божур Гњилане (Косово), Партизан Бјеловар (Хрватска) и домаќинот, Тутунски комбинат (Македонија). Учесниците ја посетија Могилата на непобедените и Алејата на народните херои, апознавајќи се со минатгото на Прилеп. Потоа во салата беа поздравени од Благоја Стојаноски, директор на Општиот сектор во Тутунскиот комбинат.

Екипата Т. Комбинат, бодрена од преполнетата сала, постигна две победи, со Сента (18:17) и Рудар (14:10). Истиот успех го постигна и Аеро Цеље, против Слога (21:13) и Партизан (20:13). На останатите мечеви, Металопластика – Рудар 22:16, Партизан – Божур 16:11. Следеа пресудни дуели за пробив кон врвот. Тутунскиот комбинат, во голема борба, загуби со 15:18 од Партизан, а Аеро Цеље со 17:15 ја совлада Металопластика. Така, првото место го освои Аеро Цеље, второто Металоластика, третото Партизан, четвртото Тутунски комбинат. Тоа беше голем успех за прилепскиот клуб.

Најдобрите три тима добија пехари и подароци. Најдобар голман беше Роландо Пушник од Аеро Цеље, кој подоцна со репрезентацијата на Југославија освои олимписки злато и бронза, како и светско злато, со клубот Загреб стана двократен европски првак, а најдобар стрелец со 36 гола – Горан Стојиќ од Слога Добој.

Loading