ХАРМОНИЈА И ТРУДОЉУБИВОСТ ДО УСПЕХ

Дрвосек 99

Drvosek 99 postoi od 1999g

Бети и Столе Бучковски, функционираат како едно. Брачната хармонија и разбирање ја преточиле и во бизнисот. Се посветиле на работата, за парчето леб потребно за одржување на фамилијата, да го направат сигурно и побогато. Се вложуваат максимално во столарските работи. Секој во својот дел во успешната приказна на нивната фирма Дрвосек 99. Во производствениот погон во индустриската зона, владее ведра работлива атмосфера.

– Во далечната 1999 год. решивме да започнеме занает. Мојот сопруг изработуваше шанкови и ламперија, а јас бев домаќинка ангажирана околу двете деца. Смислата на животот е како двајца млади луѓе да тргнат во некој бизнис. Започнавме со една машина по препорака на стар дограмаџија купена со алат. Првин со еден-двајца вработени, оти не знаевме како ќе оди. Почеток беше тежок. Работевме дрвена дограма. Немавме некој приоритет. Работевме прекувремено да опстаниме. Стекнавме муштерии, круг на луѓе и отворивме фирма под името Дрвосек 99. Со годините се прошируваше нашиот занает и осовременувањето со нови машини. Почнавме со изработка на кујни, собни врати и ПВЦ дограма. Се зголеми и бројот на вработени. Работата покажува резултати, претставени во позитивна светлина, како добри сопственици каде вработените се колеги. Работата го прави своето, љубезноста, гостопримството и трпеливоста кон муштериите, кои секогаш се во право – објаснува  Бети Бучковска, сопстевничката.

Dograma po merka

Повеќе од половина одвработените се со долгогодишно работно искуство. Задоволни се и од монтерите кои го знаат својот дел во работата.

– Изработуваме дрвени врати, прозорци, скали, кујни, плахари, детски соби, комоди. По димензија и ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од 5 или 6 коморни профиле со дихтон гуми. Муштерии имаме не само од Прилеп, туку од околните градови. Формулата за успех лежи во чесната работа – вели Столе Бучковски, сопственикот.

Izrabotka na vrati

Задоволни работници и муштерии е нивниот императив. Гледаат кон своите вработени како на членови на фамилија. Навреме и редовно им исплаќаат плати. За да бидат задоволни и вработените и тие како газди. Се надеваат дека деветгодишниот син Андреј ќе тргне по стапките на родителите и ќе ја продолжи традицијата.   

Izrabotuvaat kujni po naracka

Loading