ВИТАМИНКА ДОСЕГА ИЗДВОИ БУЏЕТ ОД 3,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОВЕЌЕ ДОНАЦИИ

Vitaminka 1

Со цел укажување помош во најкритичните моменти со кои се соочува државата, Витаминка издвои буџет од 3,5 милиони денари за повеќе донации реализирани од почетокот на кризата со Ковид 19 па досега. Донациите се во финансиски средства, набавка на средства за дезинфекција и прехранбени производи.

Најголема помош е издвоена за Министерството за здравство Донирано медицинска опрема, медицински потрошен материјал, средства за дезинфекција, 1000 ПЦР тестови за ковид 19 во вкупна вредност 1.74 милиони денари. Како одговор на потребите во дадениот момент, неопходна медицинска опрема е донирана и во Здравствениот дом во Прилеп, а за вработените на Инфективната клиника во Скопје како благодарност за нивната пожртвуваност во борбата со Ковид 19, компанијата достави пакети со прехранбени производи за сите 170 вработени, со вкупна вредност од 243.616,00 денари.

Покрај помошта упатена во клучните сектори каде што е потребна, Витаминка помогна и на ранливите групи граѓани преку донации на финансиска помош, средства или производи доделена преку невладини и хуманитарни организации. За поголема заштита и превенција од Ковид 19, компанијата со прехранбени производи и средства за дезинфекција во вкупна вредност од 550 илјади денари ги помогна и општините Прилеп, Кавадарци и Штип.

Витаминка со својата хуманост и солидарност во овие кризни и вонредни моменти не ги заборави ни своите вработени со доделување пакет прехранбени производи.

Loading