МЕНАЏЕРИТЕ ЌЕ ПРИМААТ МИНИМАЛНА ПЛАТА

Солидарност во ТКП

menadzmernt tutunski

Разликата ќе ја донираат во фондот за солидарност Ковид 19

Одбор на директори на Тутунски комбинат одлучи на менаџментот во компанијата за април да му биде исплатена минимална плата од 14.500 денари. Одлуката е во согласност со мерките на Владата за справување со кризата од ковид 19. Минимална плата ќе добиваат сите извршни членови на Одборот на директори и лицата со посебни овластувања и одговорности – раководни лица. Ист износ ќе примаат и неизвршните членови на Одборот на директори кои во нормални околности примаат месечен паушал.

Разликата до целосниот износ на платата, односно паричен надоместок за менаџерскиот тим, ќе се уплатени на посебната наменска сметка на солидарниот Ковид 19 фонд формиран од Владата.

Поради настанатата ситуација, а во согласност и со препораките и мерките на Владата за справување и спречување на ширењето на болеста, донесената одлука е во согласност со одредбите од Колективниот договор со Синдикатот на ТКП. Дел од вработените, администрацијата, заради намалување на трошоците во друштвото, користат платен вонреден одмор. За администрацијата тој ќе биде со траење од еден месец, а за дел од вработените од погонот Тутун ќе трае 20 дена. Во овој период ќе им биде исплаќана 80 отсто од платата во согласност со одредбите од Колективниот договор и Законот за работните односи.

ТКП, како акционерско друштво целосно во државна сопственост, првпат по речиси две децении, минатата година ја заврши со добивка од над 39 милиони денари. Како одговорна компанија ТКП ги повикува и останатите компании во државна сопственост да им се придружат во знак на солидарност.

Loading