38 ЗАРАЗЕНИ ВО ПРИЛЕП

Prskanje 1

Заклучно со 8 април, на територијата на општината Прилеп се регистрирани 4 нови лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на инфицирани со КОВИД-19 изнесува 38.

Од Центарот за јавно здравје потврдија дека еден нов случај, трет, е регистриран и во општината Крушево.

Во Инфективното одделение на болницата се наоѓаат 4 лица, сите со средна клиничка слика до 8 април. Во вторникот е транспортиран еден повозрасен пациент во ннфективната болница во Скопје кај кого била констатирана потешка клиничка слика.

Во прилепската болница во изолација се наоѓаат тројца пациенти. За двајца (до 8 април) се чекаа резултати од земениот брис, а третиот пациент е во фаза на обработка.

Според министерот за здравство, Венко Филипче сите граѓани треба да ги почитуваат мерките. Ако не се почитуваат нема да имаат никаков ефект.

Prskanje 2

-Сите имаме многу голема одговорност. Имаме работа со болест која што во некои случаи, а не знаеме кои, дава многу тешка форма кај пациентите – вели Филипче.

Според него, сериозното ограничување на движењето, целосно блокираниот викенд, разделување на двете ризични групи, се мерките кои се доволни и даваат резултати.

Loading