ТУРКАНИЦИ ПРЕД БАНКИТЕ
Наместо препорачаната оддалеченост од најмалку метар иполовина, прилепчани ги збиваат редовите пред банките. Наместо на растојание од два метри, тие се на два сантиметри. Исплатата на пензиите и надоместоците за социјално загрозените категории, ги натера да направат метеж пред банките. Речиси немаше филијала без толпа народ.
Покрај препораките на здравствените работници за заштита од коронавирусот и да се одржува дистанца од најмалку 1,5 метри, прилепчани на купче. Затаи обезбедувањето од банките. Така и полицијата се вклучи во правењето ред пред банките.
Градоначалникот Илија Јованоски ги повика банките како знаат и умеат да направат ред и организација во работењето да не се создава метеж и турканици пред објектите, а граѓаните да бидат услужени.
Со новите мерки од Владата, возрасните граѓани над 65 години може да излезат од дома од 10 до 12 часот на пладне, а младите до 18 години од 12 до 14 часот. За викендот стапува на сила целосна забрана за движење.