БРАВО САШО!

Цел живот сум во и со медиумите. Сега прилеп го има ЗЕНИТ, кој го читам од прва до последна страница. Има што да се прочита. Посебно со бескрајно внимание ги следам колумните на прим. др. Блаже Дамески (страстен шахист) и мојот школски другар Благоја Ивчески, кој на волшебен начин нé учи и советува да зборуваме на нашиот прекрасен македонски јазик.

Меѓутоа, она што го прочитав во минатиот број на Зенит, на втората и на третата страна, ме воодушеви и дури и ме расплака.

Да објаснам. Се работи за текст пренесен од порталот ФАКТОР, во кој младиот директор на ВИТАМИНКА, Сашо Наумоски потврдува како се станува успешен стопанственик. Не ме чуди, кога синот успеал да го стаса и надмине таткото Симон. Ништо чудно кога во ова време на невреме (пандемијата од Ковид 19) ВИТАМИНКА успева на секое поле, а нејзините работници се весели луѓе.

 ,,Сите заедно делиме иста судбина. Се грижиме за нашите најблиски, за нашите роднини, вработени, соседи, сограѓани,,.

Браво Сашо!

П.С.

Имам и една молба. БидеќИ сум многу по спортот, заложи се фудбалскиот клуб 11- ти Октомври да не умре, бидеќи овој клуб е со голема традиција. Впрочем, заедно со татко ти, овој клуб неодамна го внесовте во Првата лига, баш тогаш кога ПОБЕДА издржуваше неправедна казна.

Миле Талески новинар во пензија

Loading