ПОЈАДОК БЕЗ ЧЕКАЊЕ НА ТЕСТОТО

pojadok

Омилен избор за појадок или вечера може да станат вкусни лепчиња, полнети со фил, бидејќи се подготвуваат брзо.

За 16 парчиња се потребни, за филот, 400 г. компири, 100 г. кромид и 200 г. младо солено сирење, а за тестото 500 г. брашно + 200 г. за наросување, 100 мл. масло, 200 мл. млако млеко,100 мл. млака вода, 1 јајце, 1 белка, 1 сув квасец, 1 прашок за печиво, 1 рамна лажица шеќер, 1 рамна лажица сол, 1 лажица кари (или куркума) и за премачкување се потребни 1 жолчка, 2 лажици масло, 1 лажица вода и сусам за наросување.

Се варат компирите, па се гмечат и се оставаат да се изладат. Во млекото се додава сув квасец, шеќер и 2 лажици брашно, па се остава да отстои. Се пржи кромидот со малку масло, па се соединува со компирите и се додава сирењето. Плус се додава сол и црн пипер по вкус.

Во смесата со квасецот се додава јајце, белка и масло, па се соединуваат. Се додава брашно, прашок за печиво, сол и кари, па се меси тестото. По потреба се додава брашно да не се лепи тестото. Се префрла тестото на маса и се дели на 16 еднакви топчиња. Се плеска со рацете, а на средината се става а лажица од филот, па се спојуваат краевите и повторно се формира топче полно со фил. Полнетите топчиња малку се притискаат со дланките за да се добие форма. Се редат врз плех обложен со хартија за печење, па се мачкаат со смеса од жолчка, вода и масло, па се наросуваат одозгора со сусам.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Кога ќе се извадат, се свртуваат наопаку и се редат една врз друга за да излези воздухот од нив и да останат сплескани.

Loading