РАБОТА 24/7 ЗА РАБОТНИЦИТЕ, СО ТУТУН И ПИПЕРКИ

2

CIMG2980Јане Станкоски, директор на СЕКЕ ДООЕЛ Прилеп

– На плацот во близина на фабриката, од 25 000 м2, ќе се изгради преработувачки пунк за земјоделски производи

Секе ДООЕЛ Прилеп веќе 4-5 години се етаблира на македонското тутунско небо и зема силен замав. Покрај новата модерна фабрика за преработка на тутун кај селото Алданци од каде преработуваат неколку илјади тони, грчката компанија се прошири со земјиште од околу 23 000 м2, веднаш до постојниот објект во кој се планира откупен и преработувачки пунк на земјоделски производи. Лани пробно, откупиле десетина тони лути мали пиперки. Покрај тутунот од прилепското поднебје, ќе откупуваат и обработуваат до финални производи и зеленчуци од околните производители. Со ова, за работниците ќе има работа преку целата година, а за земјоделците сигурен пласман на градинарските култури. Тоа е повод за разговор со Јане Станкоски, раководител на Секе Дооел Прилеп. 

Оваа грчка компанија откупува и преработува тутун од неколку илјади кооперанати веќе неколку години?

СЕКЕ во Македонија постои 5 години. Регистрирана е во Прилеп како Секе ДООЕЛ – Прилеп. Таа е фирма ќерка на СЕКЕ СА од Грција која е една од најголемите фирми, играчи во трговијата со ориенталниот тутун на Балканот и во светот. Исто така, и со крупно листен тутун е трговец кој ги продава своите производи во повеќе од 70 земји во светот. Освен во Грција, Секе има фирми и во Албанија и Бугарија. Нашата фабрика е втора по големина во таа корпорација, и по количина на  тутун што се откупува и преработува. После 2 години работа во изнајмени простории во погон во Крушево, направена  е инвестиција во индустриска зона Опаленик во општина Крушево. Купени се 42 000 м2, грин филд инвестиција, изграден е објект од 10000 м2 со целосна опрема за преработка и обработка на ориентален тутун. Опремата ги задоволува сите стандард и барања на сите светски откупувачи. примарни откупувачи се број еден, главните  продавачи и производители на цигари во светот. Значи, прилепскиот и македонскиот тутун го продаваме директно кај нив.

Кои се перформансите на погонот и со каква опрема располагате?

Капацитетот на фабриката ги задоволува нашите потреби. Имаме и простор и можности да работиме и за други откупувачи во земјава и им ги нудиме нашите капацитети на другите компании. Во првите две години СЕКЕ стана трет по количина откупувач на тутун во Македонија што е сериозна бројка. Празнината што се појави со затворањето на Струмица Табак, ја надополни СЕКЕ и не се дозволи тутунопроизводителите да изгубат од вредноста на својот производ. Имаме неколкугодишни верни кооперанти секаде во Македонија, работиме во Прилеп, Крушево, Битола. Располагаме со магацин под закуп во Радовиш, во Струмица, работиме и во Велес. Ја покриваме Македонија.

CIMG2965

Лани експериментално откупивте десетина тони мали лути пиперчиња. Тутун и други градинарски култури може ли да се обработуваат под ист покрив?

Трендот во светот е покрај тутунот, сите фирми да производуваат  храна. Лани откупивме мало количество на пиперки од регионот каде работиме и успешно ги извезовме до нашите купувачи. Идеа е да продолжиме со откуп и преработка на други земјоделски култури, затоа што овде е земјоделски регион. Тоа е многу значајно за нашите кооперанти, тутунари, кои одгледувааат и други култури, да им излеземе во пресрет со откуп и на другите земјоделски производи. Тоа е идеја и можеби наша следна инвестиција. Инвестиравме во купување на плац од 25 000 м2 во непосредна близина до постојниот откупен погон, за да се изгради преработувачки пункт за други земјоделски култури, освен тутунот. Регистрани за хасап стандард за други земјоделски култури. Нашата улога во овој регион е голема. Повеќе од 70 отсто, од нашите вработени се тутунари. Во периодот кога немаат други активности со тутунопроизводството, се наши вработени. Така, за нив обезбедуваме работа цела година. Тоа е целта. Кога нема работа во нашите капацитети,  кога тутунот завршува со обработка, да им обезбедиме работа на нашите вработени, да бидат ангажирани постојано.

CIMG2968

Како мина откупна реколта со тутунот? 

Тутунот ни е главна преокупација, бизнис. Успешно ја завршивме откупната сезона. Ги откупивме договорените количества. Производството минатата реколта  беше поквалитетна од претходната. Се надеваме дека и следната ќе биде таква. Затоа што претходната беше мошне проблематична за обработка. Се надеваме квалитетен тутунот.

thumbnail

Се размислува ли за сушени, конзервирани зеленчуци?

– Направивме откуп, преработка и извоз на ,,шери пиперки,, кои ги откупивме од кооперант од битолскиот регион и нашите вработени во нашите простории ги исчистија и ги извезовме. Дел откупи и домашен преработувач. Со пиперката има простор за работа и има побарувачка. Се прават максимални напори да излеземе подготвени пред претстојната земјоделска сезона, за откуп на земјоделски производи, но не во огромни количества. Целта е краен, финален производ. Односно таа додадена вредност да остане тука, а не само да се извезува суровина. Лани беше испитување на пазарот и можностите со откуп и обработка на пиперката.   

Loading