ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (38)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Марулци свикаа еден состанок и избраа нов режиски одбор кој ќе ја продолжи работата за донесување електрично осветлување во селото Марул. Се избра новиот режиски одбор: Јован Атанасоски – Танески, Дончо Атанасоски Танески, Благоја Велјаноски, Димитрија Јованоски Курела, Ванчо Петрески Мурџески. Дончо и Ванчо иако се припремаа за да се селат во Прилеп, започнатата работа пристанаа да ја довршат до крај.

Овој нов режиски одбор направи нов договор со Димче Бањарот и во летото 1969 година, претпријатието започна, ги донесоја далноводите, ги измерија местата за дупките. Режискиот одбор ги подели дупките од далноводот и уличните по домаќинсво. Во овој план беше внесен планот. Дупките ги ископа селото, а додека трошокот го сноси просветата на Општина Прилеп. Селото колективно, заеднички ја ископа дупката за трансформаторот со размер 4 со 4 во ширина и 1,5 метри во длабочина, копана е сета во плазика, од почеток до завршеток.

Од местото Мрамори се дели долна вода преку Орлето, Дојкојца, Лозница, Падарница и влегува в село. За влечењето на далноводните столбови се појави некакво нагодување за помош на работниците. Јовчески Ванѓел доброволно го даде својот ѕевгар волови. Далноводните столбови и електричните каблови за ден ипол беа подигнати, затегнати, насипани електричните каблови. Работата ја извршуваат работниците од Димче Бањарот и стигна до трансформаторот разводната станица која беше изградена предвреме. Инсталацијата беше сработена од порано. Нејзе 95 отсто ја сработија Благоја Загоранецо и Ристески Боне од с. Канатларци. До 10 септември работата низ селото беше завршена навреме. Струјата низ селото се пушти во пробно, за во случај од некакви грешки и пак исклучија. Режискиот селски одбор заедно со домаќините и со поканетите гости од Тутунскиот комбинат и од Димче Бањарот во просториите на училиштето приредија вечерен банкет.

На самата прослава гостинот директорот Славе во разговор со домаќините марулци праша дали имате црква и дали е во план за носење електрично осветлување. Славе директорот одговор доби: Имаме црква, но поради одалеченост на 500 метра од последната бандера од економска причина не сме во можност сега да ја приклучиме. Директорот Славе препорача: Утре да се донесат потребните бандери и електричните спроводници (кабловите), да се ископаат дупките, мајсторите се тука, да се заврши сета работа и во црквата да светни електрично светло. Трошокот го сносат Тутунскиот комбинат и Димче Бањарот, рече директорот Славе. Наредниот ден сета заповед од директорот Славе беше сработена и црквата беше осветлена заедно со селото Марул.

Према направениот договор на режискиот одбор со Тутунскиот комбинат и претпријатието Димче Бањарот на 20.09.1969 година во 17 часот, струјата светна во уличните ламби и во сите марулски домови. Низ селото се слушна весел џагор. Се слушнаа и повеќе гласови од пукање на ловџиски пушки. Славата беше направена на високо ниво поред селската слава Рождество на Мала Богородица и пуштање на електричното осветлување во село Марул. Со тоа Марул зачекори во развиениот свет. Куќи во Марул кои добија електрично осветлување на 20.09.1969 година ќе бидат запишани по маала, по бригадите од времето на колективот.

Западно маало Прва бригада

1.Ристески Сребре Танески; 2. Петрески Ванчо Бабјак; 3. Петрески Алекцо Бабјак; 4. Ристески Тоде Танески; 5. Петрески Димитрија Бабјак; 6. Петрески Томе Бабјак; 7. Митрески Јованче Мурџески; 8. Ристески Богоја Танески; 9. Здравески Атанас Чонески; 10. Ризоски Борис Протуѓер; 11. Ризоски Коле Бошески; 12. Митрески Мите Мурџески, 13. Митрески Степан Мурџески; 14. Ѓорѓиоски Стојан Галабоски; 15. Мојсоски Ванчо Колески; 16. Мојсоски Благоја Колески; 17. Павлески Игне Служитело; 18. Павлески Ванчо Ловџијата; 19. училиштето Велјан Новачески.

2 Средно маало Втора бригада

20. Црквата Рождество на Богородица; 21. Цветкоски Милан Димитриоски; 22. Ристески Ладе Јанкоски; 23. Димоски Драган Богданоски; 24. Јовчески Благоја Велјанче; 25. Стојкоски Алекцо  Кадијата; 26. Јанкоски Дончо Ѓорѓиоски; 27. Јованоски Трајче Јанкоски; 28. Јовчески Вангел Кмето; 29. Анѓелески Живко Стеваноски; 30. Јованоски Ванѓел Курела; 31. Јованоски Душан Курела; 32. Јованоски Димитрија Курела.

Јужно маало Трета бригада

33. Јошески Петре Котески; 34. Јошески Киро Котески; 35. Василоски Китан Кавалџиата; 36. Стојаноски Ѓорѓија Котески; 37. Ристески Ристе Дамјаноски; 38. Ристески Никола Дамјаноски; 39. Василоски Милан Борачо; 40. Јованоски Лазар Бубуз; 41. Атанасоски Тане Танески; 42. Ристески Димта Танески; 43. Атанасоски Благоја Танески; 44. Атанасоски Јован Танески; 45. Ристески Ордан Танески. Домаќино Атанасоски Недан не се приклучи во договорот и не доби електрицитет. Покасно се приклучи.

Куќи што не влегоа во планот за воведување на електрично осветлување во своите домови поради селидба:

Западно маало Прва бригада

1. Павлески Јованче; 2. Петрески Ванчо Мурџески; 3. Петрески Петре Мурџески;

Средно маало Втора бригада

4. Јованоски Алекцо ; 5. Тошески Божин Јолески;

 Јужно маало Трета бригада

 6. Атанасоски Дончо Танески; Василоски Алекцо; 8. Стојаноски Тоде Котески.

Оваа работа со струјата во с. Марул не би требаше да биди запишана овде, но со воведувањето на електричното осветлување во училиштето неизбежно беше да се изостави работата и за електричното осветлување за целокупното село Марул. Книгата трпи, запишаното го чува.

Продолжува

Loading