ЗНАЦИ КОГА ОРГАНИЗМОТ БАРА ПОМОШ

cokolado

Во човековиот организам се случуваат бројни процеси. Ако е нешто необично, суптилно реагира. Многумина не обраќаат внимание на сигналите испратени од телото. Најдобро е да се детектираат и отстранат на почетокот, отколку да се чекаат компликации.

Што говорат одредени сигнали на нашиот организам.

Сувоста на лицето е знак дека на организмот му недостасува витаминот Е. За надополнување се земаат ореви, мрсни риби и растителни масла.

Кршливи нокти и коса се сигнал за дефицит на витамин Б и калциум. Доволно количество содржат пченичните ркулци, интегралните житарки, мешунки, компир, млекото.

Засилена желба за солено е симптом дека организмот е нападнат од некој воспалителен процес, особено во урогениталниот систем.

Желба за слатко укажува на нервна исцрпеност и на потреба од брза енергетска прихрана – глукоза. Најдобро е да се земе мед или темно чоколадо со минимум 70 % какао, рогач, стевија и слично.

Крвавење на непцата сигнализира дека недостасува витамин Ц. Него го има во кромидот, лукот, овошјето и зеленчукот. Може да се пие чај од шипки.

Лошиот сон, раздразливоста, грчевите во нозете говорат дека недосасува магнезиум и калиум. Неопходна е консумација на спанаќ, кељ и блитва. По високо ниво на магнезиум се познати бадемот, сончогледот, лененото семе… Ги има и во сувите кајсии, сливите и цвеклото.

Желбата за сурова храна е симптом што укажува на гастритис или проблеми со црниот дроб. Суровата храна помога во ублажување на грчевите, бидејќи го смирува желудникот.

Желбата за кисело алудира на потреба од стимулација на црниот дроб или жолчката. Во исхраната се вклучува лимон и брусница.

Огромниот мерак за морски плодови е знак дека недостасува јод во организмот.

Loading