НОВО ПИЈАНИНО ВО МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ

Muzickoto so novo pijano

Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка” набави ново пијанино од австриската фирма “ФЕУРИЦХ”, кое е со висок квалитет и кое ги задоволува стандардите за во училница и за пошироко концертирање. Инструментот е набавен со донаторски средства и со средства од буџетот на музичкото училиште.

– Повеќе од 16 години не беше обновен  инструментариумот на пијанината. На нашата донаторска сметка имавме донација од 2.000 фунти, кои нашите сограѓанки Александра Гаралоска и Весна Јосифоска пред неколку години успешно ја реализираа. Тие ја извозија велосипедската тура од Загреб до Прилеп, поминувајќи притоа 1.200 км. Оваа донаторска акција имаше за цел да се подигне свеста како кај обичните луѓе, така и кај големите компании, да донираат, да бидат општествено одговорни во музиката и во сите други уметности. Оттука, започнавме со процедурата за тендерска постапка. Со парите од донацијата и со наши средства решивме да го купиме новото пијанино, кое ќе ги задоволува потребите на нашите ученици. Тендерот го доби фирмата “Пијано Центре”, кои ни го испорачаа ова квалитетно пијанино од фирмата “”ФЕУРИЦХ”  од Виена, Австрија. Пијаниното ги поседува сите потребни стандарди, како во училница така и за пошироко концертирање. Морам да посочам дека неговата механика дозволува опсег од деликатно пијанисимо се’ до импресивно фортисимо”, посочи директорката Славица Конеска-Темелкоска.

Slavica Koneska-dir. na OOMU Ordan  Mihajloski Ocka

За пролетниот дел се најавуваат општински, државни и меѓународни натпревари, како и семинари, концерти и гостувања.

Loading