НАЈДОБРИ ПИОНЕРСКИ ЕКИПИ ВО МАЛ ФУДБАЛ „СВЕТИ НИКОЛА 2019“

Turnir Sveti Nikola

На турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2019″, првото место од генерацијата 2005/2006 и припадна на екипата „Ивовод”, а второто на фудбалската школа „Тони”. Во генерацијата 2007/2008, најдобри беа младите фудбалери на ФК „Битола”, додека второто место го освоија играчите на прилепската екипа “Тргачо”. Екипата на ФК „Перак” беше најдобра кај фудбалерите од генерацијата 2009, а вицешампионското место им припадна на фудбалерите на ФК „Победа”. Дел од фудбалскиот турнир беа и пионерите од генерацијата 2010/2011, каде првото место го освои „Фото студио Дано – Академија Пандев”, пред второпласираната екипа на „Ресторан Сокаче – Еврогол”.

За освоеното прво место во четирите пионерски категории, играчите на првопласираните екипи добија дуксери, а второпласиранте поло маици.

Loading