ОУ „Кире Гаврилоски- Јане“
Еден од тоалетите во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане” е прилагоден и адаптиран кон условите кои се неопходни за лицата со посебни потреби, а со средствата обезбедени од организацијата на Есенскиот и Велигденскиот панаѓур, набавени се 10 нови ЛЦД телевизори.
– Со новиот Закон за основно образование, а со цел подобрување на инклузивната клима, еден од тоалетите го прилагодивме за учениците и вработените лица со посебни потреби. Во тек е и јавна набавка за изградба на пристапна рампа. Нашето училиште има традиција да организира два панаѓура годишно, и тоа Есенскиот под мотото “Здрава храна” и Велигденскиот панаѓур. Финансиските средства кои се обезбедија, се наменија за потребите на училиштето. Преку Советот на родители, со овие финансиски средства се набавени 10 нови ЛЦД телевизори кои ќе бидат поставени во училниците по предметна настава, а со нив нашето училиште ќе биде целосно покриено. Тоа значи дека во секоја училница ќе има уште по едно наставно помагало – вели Кети Стевананџија, директор на ОУ „Кире Гаврилоски – Јане”.
Планираат со средствата од организирање на панаѓури, да набават и апарати за прочистување на воздухот за сите училници.