КОМЕДИЈАТА „ЛАЖГОВЦИ“ ПРЕМИЕРНО ЗА ЈУБИЛЕЈОТ

Lazgovci plakat so 70,,Лажговци,, (Миле, Перо и нова година) по текст од Антони Нелсон, во режија на Коле Ангеловски, е претставата што на 17 февруари, понеделник премиерно ќе биде изведена на сцената од театарот ,,Војдан Чернодрински,, од 19.30 часот. Премиерната изведба е во чест на јубилејот 70 години од постоењето на театарот.

-,,Лажговци,, е типична англиска комедија. Авторот на текстот е современ англиски комедиограф. Претставата е малку чудна, апсурдна, човечки топла и многу смешна. Говори за тоа дека двајца полицајци треба да соопштат страшна вест. И тука започнуваат заплетите. Кој да каже? Како? И оттука се тркала незапирливиот тек на комедијата – вели режисерот Коле Ангеловски, потенцирајќи дека дејствието во претставата го водат повозрасните добри актери во театарот.

Освен на режијата, Коле Ангеловски е потписник на преводот и адаптацијата.

Сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, драматург е Ивана Нелковска, а музиката е на Томе Темелковски.

Играат Марјан Чакмакоски, Андон Јованоски – Ашата, Виолета Чакарова, Цветанка Чавлеска, Трајче Иваноски, Најдо Тодески и Јасмина М. Станковска.

Loading