„100 РАРИТЕТИ НА РУСКАТА ДРЖАВНОСТ“

izlozbaИЗЛОЖБА

,,100 раритети на руската државност,, е изложбата што ќе биде отворена на 17 февруари, понеделник, во 12часот во изложбениот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Станува збор за уникатна збирка на документи, претставени на 36 паноа, кои го отсликуваат најзначајните периоди на историјата на Русија за повеќе од илјада години, поточно од 11 до 21 век.

Изложбата ќе ја отворат Рубинчо Белчески, директор на ЦК ,,Марко Цепенков,, амбасадорот Сергеј Баздникин и градоначалникот Илија Јованоски.

-Ќе бидат претставени документарните раритети како што е настарата руска ракописна книга ,,Остромирово Евангелие,,, првиот руски законик ,,Руска правда,,  Родословот на московските кнезови од 17 век, документи потпишани од Ленин и Сталин, документите за формирањето на СССР и неговото прекинување, сé до Федералниот уставен закон од март 2014 година за прифаќање на Република Крим и градот Севастопол во состав на Руската федерација – велат од ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Центарот ја реализира изложбата поради негуваните добри односи со амбасадата на Руската федерација.

Loading