ВИТАМИНКА СО ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИКОВИТЕ „MINIONS“

Vitaminka

Мега популарните „Minions“ ќе се аплицираат на Стоби Флипс со вкус на сирење што ќе се најде во маркетите во Велика Британија до крајот на септември 2019 година. Витаминка стекна право на користење на ликовите “Минионс” за производство на продукти од сопствената производна програма. Станува збор за бренд што е сопственост на една од водечките светски медиумски компании за развој, производството и маркетинг на забавни содржини, вести и информации за глобалната публика “NBCUniversal”.

За стекнување со наведените права, односно отпочнување соработка, компаниите подлежат на исклучително строга ревизија и контрола на секој аспект од производството и вкупното работење, со цел да се осигураат строгите критериуми кои мора да бидат задоволени. Витаминка доби ревизорски извештај со највисоки оценки што овозможи важност на сертификатот за наредни две години, без задолжителна едногодишна реевалуација.

За почеток ќе се произведуваат тематски пакувања по повод празникот “Halloween”, на кои ќе се претстават омилените анимирани ликови “Minions”. Оваа верзија на Стоби Флипс исклучиво ќе биде наменета за пазарот во Велика Британија, за купувач со стекната лиценца од “NBCUniversal”.

По докажаната сериозност и професионалност на Витаминка, со исполнувањето на строгите критериуми и високите светски стандарди, се постави основа и за понатамошна соработка и отпочнување преговори за дополнително производство на продукти под брендот “Minions“.

Loading