ЗЛАТЕН ДАБ КЛАСИК, СО 100 ОТСТО ЈАЧМЕНОВ СЛАД

Ново уникатно пиво од Прилепската пиварница

Zlaten dab Classic

 

Златен даб класик со 100 проценти јачменов слад е новото пиво на македонскиот пазар со кое Прилепска пиварница прославува 95 години од постоењето. Тоа е изненадување за љубителите на оригинален вкус бидејќИ го одразува современиот пристап и следењето на светските трендови со сосема нова амбалажа и етикета.

Лансирањето на новото пиво се совпаѓа со прославувањето на 95 годишнината на Прилепската пиварница. Квалитетот и традицијата на производство на премиум пиво продолжува, потврдувајќи дека посветено се работи на развојот на своето портфолио со нови производи, со цел да ги задоволи барањата на бројните консументи. Произведен според најсовремена технологија, Златен даб класик е пиво со умерена горкост и силен автентичен вкус. Тоа е производ на искуството на врвните пиварски мајстори кои успеале да создадат нов вкус. Златен Даб Класик е модерно пиво, направено по стари традиционални рецепти. Оригиналниот вкус е карактеристичен за сите светски пива со 100 отсто јачменов слад сега е достапен за љубителите на пивото.

Zlaten dab novo

Пивото Златен даб класик е веќе достапно во сите маркети и угостителски објекти во земјата. Одличен начин за прослава со една од најстарите пиварници во земјава, Прилепската Пиварница, Таа е компанија која постојано инвестира во нови технологии, нови производи и нови изненадувања за своите фанови.

Со Златен Даб Класике Прилепската Пиварница ја продолжув стратегијата за развој на нови производи со кои планира да се претстави пред своите консументи во земјата, како и на странските пазари.

Loading