„ДИЛИЗАНСА“ Е ЧКОЛИЈА

Бесплатна објава

„Дилижанса“ велиш,а? Незаборавна? Судбинска? Пионер на демократијата?

-За Прилеп, појче партиски штаб. Денеска да никни нова партија, утре во „Дилижанса“ има претставник.

-Не ми влегува нешто?

-Че ти влези. Шо е то?

-Името. „Дилижанса“. Многу нежно, женско, а пациентите сите жестоки мажишта, револуционери, борци за демократија. Кој знај колку тешко им било,  колку се жртвувале во тие тешки времијна .Кој им го кладе името?

-Кумо, ебаго,

-Кај го нашле. Најдо да не се вика. Нункото дава три имијна. Па, се бира едно. Не можи тој попаметен да биди?

-Даде три имијна, а ние очите си ги извадовме кое да го одбериме.

-И?

-Рече дека за нас не била демократија. Пресече кумо. Че се вика ,,Дилижанса,,. И глас да не слушнам појче,

-Добро бе куме, така нека биди. Ама барем кажи шо е то?

-Ем не знајте, ем очите си вадите. Како чојме напред. Налим оваа нашава треба да ја напрајме ко шо треба!

-За то не се саклдисувај. Ја стокмиме, како шо сакаме.

-,,Дилижанса,,?

-Имате гледано каубијски,

-Не еден, сто,

-Го знајте то пајтоно шо го тегна појче којни? И тој со камшико, шо ги шврка по газо. -И то ганстеро со пушката, за не дај боже, ако ги нападни некоја банда да му ги зема парите.

-Море парите, ама и женската?

-Од каде сега женска,

-Не можи ,,Дилижанса,, без женска. То е или газдарицата на салуно, или од попо черката.

-Шо врска има то со нашава кафана?

-То пајтоно се вика ,,Дилижанса,, И ова наше храмче така че си го викаме. То ганстеро со пушката е газдатаа, то лујџето внатре сме ние

-Демек газдата че не варди. Од кого? Пари – тикви. Газдата појче заби има одколку јас ситнеш. Книжни од први на први, по два три дена.

-Колку имате – толку. Газдата че ви ги собери, ама че ве штити од надворешни непријатели,

-Од каде такви? Се немам замерено со никого. На Пецета му борчам две банки, ама за толку да ме има за непријател, не верувам,

-Не бараат тие пари од вас,

-Ами, шо? Опинци, велеше дедо ми, шо че ми зема!

-Идеи, кленде, идеи!

-Кои Идеи, Идриз да не те собери.Се ладиш со мене,

-Оние ко че седате и ко че прајте муабет, вака че напрајме, онака че  напрајме. Нишо не знаат, че вида тие…

-То не се идеи,

-Ами?

-Глупости!

-За надворешните непријатели се идеи

-Не знаев дека толку памет сме имале. Така, ние не сме за овде,

-Не се занесувај. Ако сакаш понагоре, мораш да изојш уште два три курса овде. Ова чколија не можи да ја има на друго место. Чувај ги идеате, учи нови и дај му ги на газдата да ти ги чува.

-Ами за…

-За другото друг пат. Сé со ред, ко турска серија. Ај здраво. Пази на раскрсницата кај Кумата. Право и бегај од лоши очи. Многу си урочлив!

Џага Дур

Loading