ТРЕПЕРАТ ОЧИТЕ, РАЦЕТЕ ИЛИ НОЗЕТЕ?

Неконтролирани движења на окото, рацете или нозете се нарекуваат бенигни фасцикулации. Се бележат додека телото мирува. Кај некои луѓе се јавуваат често. Дали овие движења на мускулите значат сериозно заболување или се знаци за недоследна исхрана, премор од физички напор или стрес?

Поимот фасцикулација значи брзо, принудно нагло движење или грч на мускулот, кој се случува со дланките, нозете или очните капаци. Иако бенигната фасцикулација може да биде здодевна и забележлива, се случува овие движења да минат незабележливо, бидејќи не се доволно силни да се помести мускулот.

Бенигно не значи дека постојат и малигни фасцикулации, односно штетни грчевити движења на телото. Тоа кажува дека нема сериозно невролошко нарушување. Бенигните не се поврзани со пречки во развојот или одредени заболувања, туку се реакција на телото кое создава непријатности во секојдневието. Несвесната појава на телото не е опасна и не е симптом на заболување. Бенигната фасцикулација е континуирано треперење на делови од телото без конкретна причина. Грчевите може да се префрлат од една на друга група мускули, а најмногу се воочуваат додека телото мирува. Симптомите вклучуваат и контракција на мускулот, премор, грчеви, болки во мускулите, вкочанетост, парестезија, невроза и сл.

Феноменот нема врска со оштетување на периферните нерви, но причини се недостиг на сон, напорно вежбање, стрес, пушење, мноу кофеин, дехидратација, бременост, замор, недостиг на хранливи материи, употреба на лекови… Се препорачува консултација со лекар, ако бенигните фасцикулации во голема мера го отежнуваат секојдневниот живот. Постојат природни средства за контрола на грчевите во мускулите.

Прво, мора да се ограничи кафето и да се обезбеди квалитетен сон. Се препорачува одбегнување на лекови со кортикостероиди. Ако причина е алергија на некоја храна, потребно е ограничување на глутен, млечни производи или други намирници кои причинуваат алергија. Како додаток на исхраната, магнезиумот го смирува стресот. Натриумот во морската сол ја поддржува ефикасната комуникација меѓу нервите и мускулите, со што се намалуваат спонтаните мускулни контракции.

Loading