КОЈ МНОГУ ЧИСТИ, ПОБРЗО И УМИРА

cistac

Редовното чистење го зголемува ризикот од умирање, особено на мажите. Споредба на смртноста на вработените во службите за чистење, во однос на оние кои работат во канцеларии, мачките чистачи се позагрозени отколку жените. Опасноста од умирање кај оваа професија е значително поголема во споредба со канцелариската работа. Разликата е изразена кај машката популација која учествува во смртноста дури со 45 отсто, а кај жените е само 16 проценти.

Причините за смрт кај чистачите/чките се болести на бели дробови, срцеви болести и рак, особено на белите дробови. Затоа мажите треба да се подалеку од метлата и правосмукалката, и грижата за хигиената на просториите треба да им се препушти на жените.

Имено, ризикот од смрт е ефект на бројни фактори. Тука се важни и прехранбените навики, пушењето, стресот и останати основни елементи на здрав живот. Најризични компоненти се хемикалиите кои се користат при чистењето. Повеќе средства за чистење на домаќинствата се опасни, буидејќи постојата ризици од хемиски реакции.​ Причината за поголема смртност на мажите е нестручноста и невнимателноста при ракување со средствата за чистење. Жените се повнимателни и поискусни па користат гумени ракавици и маски.

При чистењето на рерната и санитариите нужна е каква-таква едукација за подобра заштита на полупрофесионалците и аматерите кои ја одржуваат чистотата на своите или туѓите домови. Домаќинствата користат средства за чистење помалку разумно и стручно, отколку професионалците. На пример, средствата за чистење на рерна содржат каустична сода која ја нагризува кожата и слузокожата. Посебна опасност е комбинацијата на хемикалиите. Кога средство за чистење на ВЦ на база на хлор дојде во контакт со средство за вадење на наслаги од калциум за санитарии, се создава гасовит хлор кој се користел како прв боен оров.​

Затоа се советува чистење со ракавици, заштитни очила и маска, а претходно добро да се проучат симболите за опасни материи означени на пакувањето од средството за чистење или ,,хемијата мора да се почитува,,.

Loading