НЕДОСТИГОТ НА ВИТАМИНИ ПРЕДИЗВИКУВА ГЛАВОБОЛКА

vitamin

Главоболката е резултат на витамински недостиг. Со исхрана, богата со витамин, може да се елиминираат сите видови главоболки, дури и мигрената која се манифестира со напади кои често се повторуваат, главно на едната страна од главата. Мигрената е резултат на недостиг на одредени нутриенти. Повеќе видови главоболки се последица од труење со тешки метали, предизвикани од недостиг на витамините Б и Д. Со надополнување на овие витамини и чистење на организмот од токсичните метали, главоболките целосно исчезнуваат или значително се намалува зачестеноста.

Недостигот на витамин Б, особено витамин Б2, Б6 и Б12 предизвикува мигрена. Висока доза на витамин Б2 е ефикасна превентива за мигрена. Нападите се намалуваат двојно со дневна доза витамин Б2. И не само тоа, туку и јачината на болката.

И недостигот на витамин Д е еден од главните предизвикувачи на главоболка. Овој витамин е одговорен за апсорпција на сите нутриенти неопходни за организмот.  Витамин Д го намалува воспалението на нервите и крвните садови во мозокот, со што ги спречува мигрените. Дури има и аналгетски ефект. Консумирањето на витаминот Д ја намалува зачестеноста на мигрената како и јачината на болката.

Со минимална корекција на животниот стил и исхраната, како и со дополнителен внес на витамини Б и Д, може да се избегне главоболка. Богатство на витамин Б има во млечните производи, зелено лиснатиот зеленчук, месото од живина, бананите, говедското и школките. Витамин Д се добива со умерено изложување на сонце, но и ако јадете масна риба, печурки и млечни.

Loading