МОЗОЧЕН УДАР ВО МАЈ?

Акутен мозочен удар, почесто се случува напролет отколку во било кое друго годишно време. Заклучокот е плод на обемно научно истражување, кое траело 12 години. Биле опфатени пациенти со прележан мозочен удар. Се открило дека и кај жените и кај мажите, независно од возраста, ударот за 25 отсто е почест во март, април и мај, отколку во другите месеци. Научниците немаат објаснување за оваа појава, но причината најверојатно лежи во осцилациите на крвниот притисок кој зависи од годишното време.

Имено нелекуваниот висок притисок, покрај дијабетесот, дебелината и пушењето, е еден од водечките ризици за појава на мозочен удар кој нема предупредувачка болка! Клучно е да се препознае навреме и да се одбегнат сериозните компликации.

Мозочен удар е болест која е предизвикана од нарушување на циркулацијата во мозокот. Тоа доведува до недоволна снабденост со кислород и хранливи материи во одредени делови од мозокот. Проблемите се јавуваат поради затнати крвни садови од тромб, крвно згрутчување или нивно прскање и излив на крвта во мозочното ткиво или мозочната обвивка. Болеста настапува нагло или постепено, по неколку часови или денови, без појава на болка, карактеристична за срцевиот напад.

Мозочниот удар бара итна лекарска интервенција да се сочуваат мозочните функции и превенира инвалидитет. Кога ќе дојде до оштетување на мозочната функција, лекувањето се заснова на рехабилитација и обид да се спречи следниот удар. За жал, поради доцното јавување на лекар, речиси кај 33 отсто од случаите завршуваат со смрт. Оваа болест најчесто ги погодува лицата постари од 40 години, а зачестеноста е двојно поголема после 60. Неадекватно лекуван висок крвен притисок го зголемува ризикот од мозочен удар за четирипати. Во голема опасност се лицата со развиена атеросклероза и со висок шеќер во крвта, кои не ја контролираат болеста и ја игнорираат препорачаната диета. Со откривање и санирање на овие болести навремено, се намалува веројатноста од појава на мозочен удар.

Знаците на мозочниот удар се ако човекот не може да се насмее. Лицата со претрпен удар мислат дека состојбата е минлива и одбиваат да се јават на лекар. Затоа, се проверува дали може да се насмее и се повикува итна помош. Од човекот се бара да повтори едноставна реченица. Доколку не е во состојба, постои проблем во функционирањето на мозокот. Ако лицето не може да ги подигне рацете над главата постои удар. Знак за мозочен удар е доколку јазикот виси или стои накриво.

Loading