РОК НА ТРАЕЊЕ НА ОТВОРЕНИ НАМИРНИЦИ

namirnici

Отворените кикирики смеат да стојат најмногу 30 дена. После тоа се развива опасната габа која произведува опасен отров кој може да биде причина за рак на црниот дроб! Затоа веднаш да се фрли отворената кеса со кикирики во кујната од пред два месеци. Кога се купуваат поголемо количество кикирики, а не можете за кусо време да се изедт сите, најдобро е да се поделат со пријателит. Ако се посакува нова ,, доза,,најдобро е да се купи ново пакување.

Сите намирници имаат рок на траење. Ссмета дека тестенините смеат да стојат отворени со години. Но, тоа не е точно.

Сушените зачински билки како босилекот, на пример, мора да се искористат за една година. Иако нема здравствена штета, храната зачинета со стар босилек стоен две години, нема да биде вкусна. Истото важи за сите зачини. Поради тоа, еднаш годишно да се направи селекција на зачините чувани во кујната.

Интегралнуиот ориз се користи од 3 до 6 месеци. За разлика од белиот ориз, интегралниот брзо се расипува поради содржината на масла.

Брашното се користи шест месеци. Рокот на траење е многу пократок отколку што луѓето мислат. Ако се чува понатаму отворено, во него ќе се најдат бубачки.

Тестенините се користат една година. После тоа тие стануваат лепливи и млитави. Нема никој да се разболи ако се изедат, но ќе го загубат вкусот.

Чај се чува во отворената кутија најмногу три месеци, а неотворено пакување може да стои до една година. Отворениот чај после три месеци ги губи сите свои својства.

Медот се користи шест недели откако ќе се отвори теглата. Отворениот медсе чува во фрижидер. Се внимава да не паѓаат трошки од леб во медот додека се мачка. Трошките развиваат лоши микроорганизми и мувла штетни по здравјето.

Растителните малса се користат една година. Нема полошо од мирисот на отстоено масло. Кокосовото масло и путерот се најчувствителни. Затоа не се чуваат во близина на извор на топлина, туку на ладно и темно место.

Loading