ЈОДОТ Е НА ЖЕНСКИТЕ НОКТИ

nokti

Јодот е одлично средство против бактериите. Ја дезинфицира кожата, бидејќи дејстува против широк спектар патогени бактерии, па и вируси и габи. Помалку познато е дека растворот од јод може да се користи како природно средство за раст и јакнење на ноктите. Само за еден месец ноктите јакнат и се поздрави, ослободени од заноктиците и со забрзан раст.

Навечер пред спиење се натопува стапче за уши во раствор од јод и се нанесува врз ноктите како за лакирање. Се оставаат цела ноќ. Наутро, ноктите го впиле јодот. Се чувствува цврстината и со допир. Паста за заби се користи за отстранување на трагите од јодот. Ова средство ги белее и ги јакне ноктите, оти содржи калциум. Ноктите се тријат со забната паста и стара четка. Потоа се мачкаат рацете и ноктите со хранлив крем, најдобро со кокосово масло. Постапката се повторува двапати неделно, но никако почесто, односно додека не се забележи дека ноктите повеќе не го впиваат јодот и тој останува на нив.

Тоа значи дека организмот има доволно апсорбирано јод и не му е потребно повеќе. Потоа се прави пауза.

Loading