СТАПАЛА ВО ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА

Стапалата честопати се многу чувствителни. Затоа е потребна грижа, особено на дијабетичарите. Оваа група на луѓе се чувствителни на било какво рани, бидејќи споро им зараснуваат и може да бидат опасни. Затоа секогаш да се носат соодветни обувки, ниту претесни, ниту преголеми. Обувките треба да биде пријатни, а прстите да се комотни, распоредени како боси. Многу е важна хигиената на стапалата. После секое миење треба добро да се избришат. Важно е стапалата да бидат суви. Влагата и топлината е одлична средина за развој на габични инфекции. Доколку се остават влажни и затворени во чевли, многу брзо се иритираат.

Ако се појавиле инфекции или црвенило и задебелување околу ноктите на прстите од стапалата, треба добро да се исчистат и да се ослободат стапалата од токсини. Тоа се чини со леѓен полн со две третини топла вода и една третина јаболкова киселина. Се потопуваат стапалата тука 30 минути. Потоа се плакнат со ладна вода и се бришат со мека крпа. Веднаш се забележува подобрување.

Loading