ПРОШИРУВАЊЕ НА ТЕСНИ ЧЕВЛИ

cevli

Речиси секој се соочил со тесни и неудобни чевли. Проблемот се случува со нови, неразгазени, обувки. Доколку обувките се од природен материјал, од кожа, нема место за очај. Постои решение. Треба да земете две пластични кеси со зип затворувач. Ставете во нив ¼ литар вода. Добро наместете ги во секој чевел посебно, па заедно ставете ги во замрзнувач. Кога водата замрзнува, се шири и ги проширува чевлите. Кога водата ќе биде целосно замрзната, извадете ги чевлите и оставете ги 20 минути да се одмрзне мразот. Извадете ги кесите, а обувките исушете ги со фен. Овој трик е одличен за кожни обувки и може да се рашири до цел еден број.

Трикот се применува и на вештачка кожа. Но, таа има тенденција да се враќа во првобитната состојба, па така, најверојатно, процесот ќе треба да го повторите уште еднаш.​

Loading