ЧИЧАКОТ Е СПАС ОД ДИЈАБЕТ И ХОЛЕСТЕРОЛ

cicok

За дијабетичарите, употребата на чичаковиот корен е повеќе од препорачлива, затоа што тој содржи многу влакна кои го регулираат нивото на инсулин и шеќер во телото. Коренот е богат со инулин, кој е добро познат по својата способност да влијае поволно на симптомите предизвикани од дијабетесот. Коренот позитивно влијание и врз имунолошкиот систем, бидејќи обилува со витамин Ц и Е. Телото добива одлична доза антиоксиданси и се намалува ризикот од рак.

Чичакот е двегодишна билка со долг и сивокафеав вретенест корен. Во првата година се појавуваат големи приземни листови со дршки и неправилен срцевиден облик. Во втората година достига до 1,5 метар. Листовите се помали како се оди кон врвот на стеблото. Цвета со главици со виолетово цевчести, густо збиени цветчиња, со боцки со кои лесно се закачуваат на облеката. Расте покрај патишта, на ливади и необработено земјиште.

Лековит дел се коренот, листовите и семето. Двогодишниот корен се собира во пролет и есен, листовите додека сеуште се млади, а семето кога ќе биде созреано. Коренот ја чисти крвта и поттикнува потење и излачување на урината. Се користи за лекување на венерични болести, чиреви, гихт, ревматски болести…Коренот во продавниците се најдува сушен. Пред консумирање се вари, па се меша со друг свеж зеленчук, како што се компир, морков или кромид. Со редовно консумирање на коренот се нормализираат нивото на шеќерот во крвта и холестеролот. Чај од млади листови се користи при лекување на подуеност. Претставува добро средство против разни чиреви и ранички во устата. Од семето се прави масло кое е многу ефикасно во борбата против првутот и ќелавоста. 

Постојат десетици рецепти со чичак за многу болести.

Loading