ДАЛИ СЛАНИНАТА Е ЗДРАВА?

slaniona

Во сезоната на џимиринки и сланината, сите се прашуваат дали е добро да се јаде сланина и сувомеснатите производи. Мами мирисот на пржена сланина. Во зависност од поднебјето сланина, пршута и панцета се добиваат од свинско месо од стомакот и ребрата. Чадена, саламурена, сушена, солена и со бројни зачини облагородена сланина е многу ценет производ во традиционалната кујна. Сланината е високоенергетска месна преработка. Се препорачува домашната без нитрити. 30 грама претставува препорачана количина, а чистата масна сланина има енергетска вредност од 224 калории. Помалку масно парче содржи поголем процент на протеини. Се препорачува како гастрономски деликатес во умерена количина еднаш до двапати седмично. Тајната на сланината е во умереноста. Така овој продукт е намирница избалансирана за здравото мени.

Не се исто здрави сите домашни специјалитети, сланина, колбаси….  Кога се без хемикалии, се здрави производи. Значи не е проблем во месото, туку во додатоците за трајност, подобар вкус и останато. Нема нездрава пршута или панцета. Штетна е само прекумерна количина. Сланината повремено се користи за различни начини – како специјалитет, како додаток во исхраната и како зачин.

Сланината нема јаглени хидрати. Докажано е дека не дебелеат мастите, туку големите количества јаглени хидрати. Храната со малку јаглени хидрати се препорачува за одржување на телесната тежина. Консумација дава чувство на ситост, бидејќи содржи заситени масти. Затоа чувството на ситост е подолго, отколку ако се јадат јаглени хидрати. Сланината обилува со протеини. Тие се клучна состојка за одржување на високо ниво на енергија и е синоним за здрава храна. Сланината е богата и со витамин В комплекс и цинк кои го јакнат имунитетот. Според тоа, оваа храна е одличен додаток на сите оброци во било кој дел од денот, само е важно да се консумира повремено и дневна препорака е околу 30 грама или едно парче.

Loading