ЖИВОТОТ ГО ПОЛОЖИЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА НИВ ГИ ЗАБОРАВИ

Фељтон: Томе Велјановски (7)

klepac

За настаните од Втората светска војна, марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал се и оние за лицата кои животот го положиле за Македонија, а според него  македонската историја ги заборавила. Тој сака да биде забележано, онака како што му раскажувале постарите жители. Неговите белешки ги пренесуваме во оригинал, на разговорен јазик и имаат правописни пропусти.

Ни на вториот ден на Водици немало собор, тој ден на женски Водици ја изнесувале на погреб во марулските гробишта Танеска Велјанова Божна, гробот и ден денес постои. Останува Танески Ристев Велјан вдовец со две мали деца, шестгодишниот Ордан и единаесетмесечниот Димко и понатака во заедница со фамилијата на неговиот брат Стојан. Во 1915 година Велјан бил мобилизиран од страна на српските воени власти и се разболел, дошле Бугарите го мобилизирале и тие, се доразболел и летото во 1916 година и Танески Ристев Велјан “заминал” кај жена му Божна. Останале сирачињата Ордан и Димко за да се топлат во прегратките на стрина му Анѓа, стрико му Стојан и дедо му Ристе. И така во заедничка постела поминале да се топлат со дедо му Ристе додека бил жив. После смртта на син му Велјан во летото 1916 година дошле неколку бугарски војници во танеската пондила за да го земат танеското магаре и стариот Ристе нерасположен за син му Велјан се спротивставил на бугарските војници, не му го давал магарето и им рекол: син ми и снаа ми од војните умреа и магарето за војна. Ристе и бугарските војници се степале, во тепачката на стариот Ристе му го скршиле војниците десниот палец на раката, му отекла раката и стариот Ристе Танески му подлегнал на повредите, умрел во септември 1917 година. Сираците Ордан и Димко остануваат уште посиромаси за уште еден важен нивни негувател и заштитник, дедо му Ристе, без дедо му Ристе. Стрико му Стојан и стрина му Анѓа Стојаница не ги оставиле да страдаат сираците Ордан и Димко, ги зеле под нивните крила, ги заштитувале, ги израстиле и ги ожениле. Ордан се оженил 1931 година за тетка Трајанка, прва братучеда на татко ми од сестра на мајка му. Додека помалиот Димко се оженил за момата Паламидоска Бојана од с. Алинци, битолско 1935 год. Свадбата со татко ми му била во ист ден. Сираците Ордан и Димко живееле со братучеди му од стрико му Стојан, Крсте, Тане и Блаже во заедница до 1946 година. Стрико му Стојан умрел 1940 година, а стрина му Стојаница Анѓа на Чист Понеделник во 1956 година. Заборавив погоре да напоменам кажува бонестите за Танески за сето време малиот Ордан си го носел истото стапче, за тоа стапчето што го нашле бончаните било Танеско, си го препознале. Ордан тетинот честопати идеше кај нас за потреба, за посета имав прилика да го запрашам дали нешто се сеќава од таа случка, а тетин Ордан велеше дека се сеќава  кога отишол кај магарето и дошло едно куче и со стапчето отишол да го брка и после отишол на некој камен, се качил на каменот и видел од каменот под каменот повеќе кучиња, му викнал на кучињата за по нив дома да си оди, ама кучињата кога го виделе силно избегале во темната си магла, но не знаеше да каже за какви кучиња била работата. После тоа во маглата сретнал кози, јаделе шипинки и капинки и тој таму со нив јадел и козите се изгубиле. Ордан тетин велеше да каменот што ги видел кучињата бил големиот белутраг под Бумбаро орница во големите расје. Тетин Ордан во разговорите што ги правевме за тоа што се случило тогаш најповеќе вината ја префрлаше на магарето, дека било магарето несреќа. Од кај магарето се изгубил и мајка му животот си го дала. Исто така по три години за истото магаре дедо Ристе се степа со бугарските војници и си умре. Многу му било мака кога дедо му умрел немало ноќе кој да го покрива, деда ни Димко многу не топлеше. Исто така тетин се сеќаваше на мајка си Божна кога силно го бакнала и му направила модринка на рачето. Тој се сеќаваше кога татко му ги отворил очите на мајка му Божна да го види и таа била многу жолта на лицето и спиела не сака да го погледа со солзи во очите, ќе ги изговараше тетин Ордан овие зборови и  не спиел со ноќи и си мислел зошто мајка му Божна не го погледала кога татко му Велјан и ги отворил очите и така мислата го товарела и мислел се додека не пораснал и не сватил дека таа не можела да го види односно погледа своето чедо. Тетин Ордан татка си го запитал убаво често пати како спомен од мајка му тетин Ордан ја покажуваше лузната на раката направена од неговата мајка Божна кога го видела кога го донесле бончани од силната мајчина љубов и возбуда спрема своето чедо и ја заборавила границата на милост. Тоа ми е најголемиот мој дар за доживот, ќе ја покажеше тетин лузната направена од неговата мајка Божна. Тетин Ордан велеше често кога сиракот се радувал и стреите на куќите плачеле. Ордан умрел 1992г. и е погребан на прилепските гробишта Песијобрдце.

  Во почетокот на март стигнала веста од воените власти, дошле покани, “позиви” за војска до четирите лица и тоа: 1. Јанкоски Ѓорчев Трајан 1894г; 2. Јованоски Ѓорчев Ристе 1888г,; 3. Павлевски Јованов Трајан 1891 г. и 4. Павлески Стојанов Илија 1894г. Сите овие лица во рок од една недела да се јават во воениот отсек во Прилеп за проверка, дали се тие лица. Трите лица Јанкоски Трајан, Павлески Трајан и Павлески Илија, додека четвртото лице Јованоски Ѓорчев Ристе не се спријавил, место тој отишол татко му Ѓорче, им кажал дека неговото дете Ристе уште пред четири години бил заминат за Америка. Властите не му поверувале, ја пратиле џандармеријата да провери. Стојан Колески преку протугарот ги собрале селаните за да потврдат за Јованоски Ристе дека е во Америка веќе четири години. Во тој момент додека се расчисти работата со Јованоски Ристе еве го Колески Петрев Стојко тогаш вратен од кај Славковци во с. Бонче со присестра му Сребра за да живее кај Колевци. Џандарите го повикале Стојко дали порастил за војник да биди. Му ги зеле личните податоци и потврдиле дека е постар од 20 години и наредниот ден Стојко отишол во Прилеп на регрутација. Воената комисија го одбила бидејќи ја немал висината и одбиен бил доживотно. Стојко со тоа не се задоволуваше, велеше: Како што можам да ги работам сите работи, така можев и војник да одам. Јас не сакав да ме одделат мене, но тие не ме прифатија!

Останатите тројца марулци Трајан Јанкоски, Трајан и Илија Павлески во последните денови на месецот март во 1914 година заминале на отслужување на воениот рок на две години како и претходните марулски војници. Од тројцата војници што заминале во месец март Павлески Трајан по грешка на воените власти бил заборавен од есенската група на марулските војници, Јанкоски Трајан и Павлески Илија биле првите марулски војници што заминале на 20 годишна возраст. Некаде после половината на месец април се раширила една лоша вест, во Србија затоа што Македонците не сакале да клекнат и да се колнат за кралот и кралицата. Сите биле нервозни и вознемирени, па и Јанковци затоа што нивниот војник Трајан бил на служење на воениот рок токму во градот Крагуевац каде се степале. Родителите на војникот Трајан, мајка му Благуна и татко му Ѓорче не можеле да спијат од нервоза, почнале да бараат помош од бајачките.                           

Продолжува

Loading