ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ЗА СИНУСИ

sinus

Проблеми со синусите, особено во зима се лечат со билки и плодови. Тие помогаат да се намали воспалението и ризикот од повторно појавување.

Портокалот е одличен извор на витамин Ц. Ја намалува затнатоста на носот и помага при чистењето на синусите. Секојдневното консумирање на портокал значително го намалува ризикот од воспаление на синусите.

Лукот го намалува воспалението на синусите предизвикано од бактериска или габична инфекција. Алицинот, состојката која на лукот му го дава препознатливиот мирис, има својства на антибиотик. Тој е многу делотворен во лечењето на овие непријатни болести.

Копривата ги ублажува симптомите на воспаление на синусите, вклучувајќи ја и надразнетоста на очите и чешањето во носот. Доколку се консумира како чај или капки, го поттикнува имунолошкиот систем и организмот многу подобро ќе се бори против овој вид инфекции. Копривата поттикнува ослободувањето на слузот од синусите, кој е главен виновник за неподносливата болка.

Loading