ТРИК ЗА МИРИС ВО КУЌАТА

Повеќемина посегнуваат по разни освежувачи за простории кои можат да бидат опасни по здравјето, оти го зголемуваат ризикот за заболување од рак или астма. Постои природен начин кој не чини многу, а е ефикасен и со совршен мирис.

Да се направи домашен освежувач на воздухот, потребни се 4 лажички сода бикарбона, 2 капки масло од лаванда и 3 чаши вода. Се мешаат состојките во сад, па потоа во чист сад со распрскувач. Се прска по потреба врз завесите, украсните перничиња, теписите… Мирисот и свежината ја преплавува просторијата и го воодушевува секој гостин.

Loading