МИНЕРАЛНА ВОДА И ПРАЗ ПРОТИВ ХОЛЕСТЕРОЛ

praz

Минералната вода содржи натриум, калциум, калиум и магнезиум, во совршен баланс кои му одговараат на организмот. Овие катјони се надополнети со анјони на сулфати, хлориди, бикарбонати и флуориди, кои заедно со биофлавоноидите на празот помагаат во отстранувањето на холестеролот од крвта и ги заштитува крвните садови. При контакт на празот со минералната вода, се ослободува азот оксид, природен гас кој ги релаксира крвните садови. Важна е и функцијата на Б витаминот. Се ослободуваат и полифеноли кои ги штитат крвните садови и крвните клетки од оксидативната штета.

Водата помага и при лекување на дијабетес тип 2, дебелина, атеросклероза, алергии на дишните патишта и ревматоиден артритис.

Во текот на терапијата се внимава на исхраната, се одбегнува пржена и мрсна храна и многу слатки. Се препорачува медитеранска храна.

Терапијата, составена од смеса на праз и минерална вода, трае еден месец. Се пие двапати дневно по една ракиена чаша пред јадење, наутро и навечер. По еден месец, се контролира крвта. Резултатите треба да бидат задоволувачки, а холестеролот намален.

Состојки и подготовка: 1 шише природно газирана, минерална вода и ¼ страк од праз. Во шишето се става внатре 1/4 страк од праз (пресечен на половина и половината пресечена надолжно. Се чува во фрижидер да отстои еден ден. Потоа течноста е подготвена за пиење.

Loading