КАЛИНКА НА ПРОЗОРЕЦ

kalinka

Многу е популарно одгледувањето на егзотични билки во саксија на прозорец, зошто имаат атрактивен и декоративен изглед. Не се тешки за одгледуваање. Успеаваат многумина кои зафатиле со семки од лимон, авокадо и ананас и лист во саксија. Се препорачува одгледување на калинка.

Зрел плод од калинка се лупи и се јаде. Неколку семки се сушат 24 часа. Се ставаат во вода два дена на температура од 20-22 степени. Водата се менува на 12 часа. Мала саксија се полни со мешавина од песок и тресет. Се полива и се засадуваат семките на околу 2 см. Се покрива саксијата со проѕирна фолија да се создаде ефект на стаклена градина. Секој ден се вади фолијата кратко време, да влезе нов свеж воздух. Билката мора да добива доволна количество вода и сончева светлина. Се полива кога земјата ќе почне да се суши. Првиот никулец излегува по 7 до 10 дена. Кога ќе се појават првите ливчиња, билката се пресадува во поголема саксија со стандардна земја. Калинката процветува по 9 месеци, а три месеци потоа ќе дава плодови.

Егзотичната  билка не бара посебен третман.

Loading