ВО ПРОДАЖБА БРИЛИЈАНТ ОМЕГА 3

Витаминка

brilijant 5

Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места. Со појавата на Брилијант Омега 3, се зголемува производниот асортиман на фабриката во Штип, а Брилијант ја зацврстува позиционираноста на пазарот. Практично се инвестира во проширување на производниот асортиман. Преку воспоставување на новиот технолошки процес се вложува и во фабричките капацитети.

BRILIJANT-6

-Со Брилијант влеговме во сегмент на производство каде има голем потенцијал за раст. Според експертизата на Витаминка кај иновациите и развојот на производите Брилијант, има само успешна приказна. Станува збор за производ со традиција, неспорен квалитет и потрошувачи. Со иновативните производи ќе успееме да придобиеме нови потрошувачи. Праксата покажува дека со вложувања во вистински момент и начин, секој бизнис дава резултати. Таков е примерот со Брилијант – вели Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

D3C 5080

Во производството на Брилијант Омега 3 искористени се современи методи со што се доби висококвалитетно сончогледово масло збогатено со есенцијални масни киселини. Брилијант Омега 3 е збогатено со докосахексонична (ДХА) масна киселина и со тоа станува извор на Омега 3 масни киселини, а со негово консумирање и голем здравствен бенефит.

Loading