МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ГЛАВНАТА ТРАФОСТАНИЦА ЗА СТРУЈА

mepso slika

МЕПСО ќе вложи 1,12 милиони евра во модернизацијата на трафостаницата ,,Прилеп,, и ќе ја замени со нова опрема што е во функција 40 години. Прилеп и околината ќе добијат стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија наредните 20 години. Инсталирањето на опремата ќе трае една ипол година

Договорот со фирмата Кончар Кет од Загреб за модернизацијата на трансформаторската станица ,,Прилеп 1,, модернизацијата го потпишаа директорот на МЕПСО Сашо Василевски и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи од Хрватска и домашната компанија Елтек. Присуствуваа и Горан Сугарески, министерот за транспрот и врски, хрватската амбасадорка Даниела Баришиќ и градоначалникот Илија Јованоски.

Модернизацијата вклучува промена со нова високонапонска опрема во замена за  старата што е во функција 40 години. Ќе се вградуваат опрема за контрола и далечинско управување, нов системи за мерење на електричната енергија и  нов систем за заштита.

Министерот Сугарески ги повика инвеститорите да градат, зашто се обезбедува квалитетна електроенергетска инфраструктура.

– На инвеститорите им се нуди стабилно и редовно снабдување со електрична енергија според нивните потреби – рече Сугарески.

Директорот Василевски изјави дека Прилеп добива сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија.

– МЕПСО за Пелагонија сега вложува 6 милиони евра во три инвестиции во преносната мрежа – потенцира Василевски.

Прилепската трафостаница претставува централна напојна точка за регионот на северниот дел од Пелагонија и Мариово.

Loading