„РОЗАТА НА АТАТУРК“ НОВ РОМАН ОД МИРЈАНКА Р. СЕЛЧАНЕЦ

Mirjanka R.Selcanec so nov  roman„Розата на Ататурк“ е најновиот роман од Мирјанка Р. Селчанец, претставен пригодно во библиотеката. Централна тема на романот е неостварената, преголема љубов меѓу великанот на Турција, генералот Мустафа Кемал Ататурк и битолчанката, преубавата Елени Каринте, ќерка на првиот меѓу битолските богаташи Ефтим Каринте.

Според Слободан Беличански, романот е трогателна приказна со историска заднина.

-Во романот е доминантно присутна македонската лексика, како и мноштвото турцизми и цели дијалози на француски јазик, толку природни и нормални за полиглотска Битола и јазички разновидниот Балкан и за школуваните и културно издигнати Кемал Ататурк и Елени Каринте. Содржината на пораката е дека на Балканот треба да сторат сé што е во нивна моќ за да не им се повторат трагичните поединечни и колективни искуства од подалечното и поблиското минато. Во спротивно, историјата може да им се повтори, не како фарса, ами како трагедија – забележува Беличански.

За примариус д-р Благоја Дамески романот е показ и доказ дека ништо не може да се измисли ако нема корен, помалку или повеќе во реалноста.

Романот беше претставен и во Музејот на револуционерната борба во Скопје. Мирјанка Р. Селчанец е автор на повеќе романи, на драми, стихозбирки, раскази за деца, монодрами….

Loading