ОУ „Гоце Делчев“
Младите хемичари од ОУ „Гоце Делчев“ водени од наставничката Кети Иваноска, продолжуваат со успеси. Теодора Петреска доби втора награда, а Елена Мијоска и Делфина Милеска се закитија со трета награда.
– Секоја година учесниците добиваат маица со дизајн кој симболизира љубов кон хемијата. Годинава секцијата за хемиско образование при СХТМ организираше награден конкурс за дизајн на маица, на кој секој ученик пласиран на државниот натпревар има право да учествува со своја идеја – дизајн на маица, рачно креиран со молив или со пенкало на лист со формат А4.Мегу 46 конкуренти, ученици, наградена беше идејата на Теодора Петреска – информира наставничката Иваноска,
Третиот државен натпревар по хемија за ученици од основните училишта се одржа на Институтот за хемија на Природно – математичкиот факултет во Скопје.