ЧЕТИРИ НАГРАДИ ОД ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА

Гимназија „Мирче Ацев

hemicari-ucenici-profesori

Учениците од Гимназијата ,,Мирче Ацев,, уште еднаш покажаа дека се на врвот со знаењата по хемија, освојувајќи 4 државни награди во прва и втора категорија. На државниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта, Викторија Дунимаглоска го освои првото место во втората категорија,  Александар Петрески беше втор во прва категорија, Стефанија Секулоска се искачи на третото место во прва категорија и Сања Крстеска беше на третото место во прва категорија. Ментор на Александар и Стефанија им е  проф. Ружа Ангелеска, а на Викторија и на Сања им е проф. Блаже Димески.

Традицијата на успеси на натпреварите по хемија продолжи.

Loading