СОУ „Ѓорче Петров“
Глумците матуранти од Драмската секција на СОУ „Ѓорче Петров“ се збогуваа од публиката со претставата „Наша луда клиника“. Сценариото на комичната претстава е на Филип Стојаноски и Хари Тасески.
Гостинка на вечерта беше надежната виолинистка Благица Блажеска, а учествуваше и талентираната актерка Бисера Гаралоска. Автор на текстот е проф. Билјана Тинтоска, која е ментор на драмската секција и смета дека голема среќа е да се работи со посветени деца.