Две први и една втора награда по географија освоија учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ на државниот натпревар по географија на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Ученичките Ивана Тодороска и Марија Карбеска освои прва награда, а Сара Мирчевска зеде втора награда. Ментор им е професорката Виолета Проскоска- Велкоска.
Со успесите продолжи традицијата на постигнување на високи резултати по географија на натпревари од државен ранг.