ШАМПИОНИ ВО ОДБОЈКАТА

pobednici-odbojkarki

Спортски Прилеп после долго време доби одбојкарски шампиони!   Ученичките од Гимназијата „Мирче Ацев“ предводени од абициозниот и енергичен тренер и професор по спорт, Орде Цветаноски застанаа на врвот на средношколската лига на Македонија, со импресивен резултат.

На 24 април во Струмица, се одигра финалниот натпревар од Државната средношколска лига. Финалето го играа ученичките од екипата на гимназијата против екипата на СОУ ,,Раде Јовчевски – Корчагин,, од Скопје. Натпреварот заврши 2:0 во корист на  прилепските гимназијалци со што ја окончаа сезоната со стоотстотен успех, односно без пораз!

odbojkarkite-kaj-direktorot

– На одбојкарската арена ,,паднаа,, противници кои доаѓаа од традиционално силни одбојкарски школи. Беа поразени струмичанките од ,,Јане Сандански,,, скопјанките од ,,Раде Јовчески – Корчагин,, и ,,Никола Карев,,  кумановките од ,,Гоце Делчев,,… Сѐ на сѐ, огромен успех на младите надежи кои покажаа дека и со скромни услови, но со голема посветеност и љубов може да се застане највисоко на пиедесталот. Одбојкарките на чело со професорот  заслужуваат честитки со надеж и обврска да продолжат со напорната работа за повторно да се радуваме и да се надеваме дека одбојката ќе го заземе своето заслужено место во екипните спортови во градов – информираат од гимназијата.

За спортскиот успех, одбојкарките беа на прием кај директорот на гимназијата, Димче Настоски. 

Loading