МЕЃУ 8000 ТРКАЧИ – БОЈАЏИЕВА ВТОРА, ВАНДЕВСКИ ТРЕТ

Leonid VandevskiАтлетика: Одлични резултати на Скопскиот маратон

Двајцата се членови на АК Стеваноски

Секој добар резултат е добредојден од престижниот меѓународен Скопски маратон. Во дисциплината 5 километри за жени 16-годишната Марго Бојаџиева, (АК Стеваноски) го освои второто место меѓу близу 4000 учеснички. На целта пристигна веднаш по Креша Бакраќи (Косово), а пред ривалките од Србија, САД, Хрватска, Германија…

– Прогнозирав да биде меѓу трите најдобри, со оглед на резултатите на конкурентките. Марго имаше и подобро време во Италија, но сега одеше на пласман и одлично истрча, според договорот по 4 минути за километар. Задоволен сум и од Ања Еклер, петтопласирана во Скопје – вели тренерот Ѓорѓи Гешоски.

И машката трка го одбележа претставник на АК Стеваноски, 18-годишниот Леонид Вандевски. Во конкуренција на скоро 4000 тркачи тој го освои одличното 3 место. Пред него беа само скопјанецот Богдан Цветковски (Делта Скопје) и Кристијан Стојани (Олимп Битола). Подоцна пристигнаа фаворитите од Црна Гора, Србија, Сирија, САД, Италија…

Margo Bojadzieva–  Леонид истрча одлично. Не е изненадување третото место, оти е најдобар младинец во државава на 10 километри – смета Гешоски.

По овие успеси АК Стеваноски добива поддршка од сите страни, а за тоа се оддолжува на сите настапи. Имаше триумф и во Куманово, каде на Државното првенство за помлади пионерки освои први места во пет дисциплини: 60, 300, 600, штафета и фрлање ѓуле.

Одличен и Златоврв

На Маратонот учествуваше тим на ОК Златоврв, второпласиран во својата конкуренција на над 50 тима. Тимот го претставија: Елеонора Кржеска, Мери Чкрипеска, Ивана Настовска и Милена Чкрипеска.

Loading