РИВАЛКИТЕ БРГУ ОСТАРЕА

Борење

Во Приштина, Косово, на Меѓународниот турнир настапи Барбара Стојкоска. Немаше категорија до 51 килограм, па мораше да учествува во седум килограми потешката до 58. Таму двапати победи, а очекувано еднаш загуби. Следеа алализи за поправање на грешките. Но, воедно се дојде и до вистината, минатиот викенд. Во Скопје истите ривалки од Приштина настапија во повозрасни категории. Бргу, за една недела, ,,остареа” и така изостана реваншот со Стојкоска, која овојпат без проблем го освои првото место.

Сите седум членки на БК 7 Мај освоија медали во Скопје.

Loading