ПРВО МЕСТО ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК

marija-mitreska-mirjana-boskovska

Ученичката од трета година од СОУ Гимназија Мирче Ацев, Марија Митреска, на Државниот натпревар по француски јазик го освои првото место. Натпреварот именуван како ,,Олимпијади 2018,, е организиран од Здружението на професори по француски јазик во соработка со Филолошки факултет ,,Блаже Конески,, – Скопје и со поддршка на Францускиот институт – Скопје и Националната комисија за Франкофонија.

Под менторство на професорката по француски јазик Мирјана Бошковска, Марија ги покажа знаењата и вештините во познавање на францускиот јазик во петте подрачја: слушање и разбирање на текст, граматика, писмено разбирање на текст и писмено и усно изразување на дадена тема. Уште еднаш ја покажа нејзината посветеност и љубов кон францускиот јазик и култура . Се натпреваруваше во категоријата ,,Класични гимназии,, и убедливо го освои првото место, а во севкупниот пласман во кои беа и билингвалните гимназии според вкупниот број на поени го освои второто место со што обезбеди пласман на Меѓународната олимпијада за француски јазик што ќе се одржи во месец септември 2018 година во Охрид, каде ќе има прилика да се натпреварува со нејзините врсници од многу држави во светот.

– Ова не е прв успех по француски јазик на Марија. Таа со ликот на Лора во истоимениот драмскиот текст и во режија на проф.Маринко Шлакески на меѓународниот театарски фестивал на француски јазик во Стара Загора – Р. Бугарија, доби Специјална награда за драмски лик – информираат од Гимназијата.

На фестивалот Олимпија во Дион, во Р. Грција истата претстава Марија ја изведе на грчки јазик, а успешно се претстави пред јавноста и во претставата ,,Ла линеа,, по текст и во режија на проф. Маринко Шлакески, каде драмското дејство е на италијански јазик.

Loading