ПРИВЕЗОЦИ ОД ТЕКСТИЛ СО ГОСТИТЕ ОД ТУРЦИЈА

СОУ Ѓорче Петров

gJORCE

Група од десет ученици и двајца професори од Турција преку проектот од КА 102 ,,Young Pupils Shape Their Future With Internship in Europe‘‘ од програмата Еразмус +, во периодот од 8 до 21 април престојуваа во Прилеп. Домаќин им беше средното стручно училиште ,,Ѓорче Петров,,. Со координација на професорката Билјана Рошкоска и професорите од текстилно – кожарската струка при училиштето, Весна Смугреска, Здравка Најдоска и Наташа Мирческа, гостите имаа можност да проследат и да бидат дел од производствените процеси на неколку конфекциски фабрики во градот. Присуствуваа и на неколку часови во училиштето, а учествуваа и во работилница за изработка на приврзоци од текстилен материјал.

gJORCE pET

– За време на двонеделниот престој учениците и професорите од Турција се запознаа и со дел од природните и културно – историските убавини на Македонија и на градот домаќин, со традиционалните јадења, обичаи и богатата народна носија од прилепскиот крај. Низ дружењето со нашите ученици се создадоа пријателства, брзо и лесно се научија зборови на двата јазици, се збогатија стручните знаења – напиша Здравка Најдоска на Фб профилот на училиштето.

Гостите од градот Кајсери од Турција биле воодушевни од срдечниот и пријателски прием во училиштето и изразиле желба за идна соработка во која тие би ја презеле улогата на домаќини.

sou gJORCE pETROV

Сите овие активности се одвивале со поддршка на директорот Страшо Ѓорѓиески и на професорите од училиштето, во соработка со Националната агенција за Европски образовни програми и Мобилност, која што финансиски има поткрепено повеќе успешно проекти реализирани во СОУ ,,Ѓорче Петров,, .

Loading