ПРВО МЕСТО ЗА ПИСМЕН СОСТАВ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК

prvo-mesto-francuski-esej

Андреј Стојкоски, ученик во 4-7 во во Гимназијата „Мирче Ацев”, под менторство на професорката по француски јазик Мирјана Бошковска го освои првото место на државниот натпревар за писмен состав „Кажи ми десет збора на сите тонови” (Dix-moi dix mots sur tous les tons ). Тој беше најуспешен меѓу натпреварувачите кои имаа задача да напишат писмен состав од 350-500 зборови на тема зададена на денот на натпреварот.

Во составот требаше да бидат употребени минимум четири зборови од  претходно зададените десет зборови кои се нови кованици. Овој успех ја продолжува традицијата на успешни настапи по француски јазик на учениците од  гимназијата.

Наградата беше во рамките на Франкофонска вечер што Здружението на професорите по француски јазик во соработка со Националната комисијата за Франкофонија ја организираше во Салон 19:19 при Културно – информативниот центар во Скопје.

Loading