ПЕТ НАГРАДИ И ДВЕ ПОФАЛНИЦИ ПО ХЕМИЈА

СОУ Гимназија „Мирче Ацев

hemija-slika

На 5 мај  на ПМФ – Скопје, Институт за хемија, учениците од СОУ „Мирче Ацев“ кои се пласираа на државниот натпревар по хемија, ќе ги одмерат силите. Гимназијалците го обезбедија учеството со добивањето на пет награди и две пофалници на регионалниот натпревар по хемија во гимназијата. Учествуваа 43 ученици од Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар и  се натпреваруваа во 4 категории. Гимназијалците постигнаа одлични резултати. Во првата категорија Александар Петрески освои прва награда, а Стефанија Секулоска беше трета, под менторство на професорката по хемија Ружа Ангелеска. Михаил Стојкоски освои втора награда, а Сања Крстеска освои трето место. Во втората категорија Викторија Дунимаглоска освои трета награда, а Давид Талески и Давид Арсовски добија пофалница за учеството. Ментор им  беше професорот по хемија Блаже Димески.

Loading