ПРАКСА ЗА КОМПЈУТЕРСКО КРОЕЊЕ

СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

vasidora

Она што го учат на часовите по стручните предмети, учениците од прва, втора, трета и четврта година од текстилно – кожарската струка при СОУ „Ѓорче Петров“ го видоа практично. Заедно со професорите по стручните текстилни предмети ја посетија конфекцијата ,,Васидора,, која изработува модерна женска облека, во најголем дел за извоз, а дел и за потребите на својата продажна мрежа низ неколку градови во Македонија. 

Благодарение на љубезното и стручното водење низ производствениот процес, учениците се запознаа со сите фази за изработка на облеката, со современите машини и апарати, како и со системот за организација на работата.

Посетата беше интересна и инспиративна за учениците. Голем впечаток им остави современиот систем за компјутерска конструкција на кроеви и компјутерски воденото кроење карактеристично за големосериско производство, потоа завршното пеглање на горна облека со помош на специјални кукли, различните шивачки автомати и прекрасните модели кои се создаваа пред нивните очи.

Loading