Изложбата „Уметност без граници“ синоќа се отвори во галеријата „Борко Лазески“ во ЦК „Марко Цепенков“. Преку делата се претставуваат уметници од повеќе земји, меѓу кои и нашите Ферди Булит, Дарко Талески, Ристо Тошески, Кирил Гегоски, Лепа Милошеска, Атанас Атанасоски и Давид Атанасоски. Тенденција е да се пренесе пораката дека светот е глобален за уметноста, безграничен, бескраен и слободен во творечкиот израз.
Изложбата ја организира Марилена Бианчи Страит, почесен член на Европската организација за нуклеарни истражувања во Женева и член на НВО од Мозамбик, Африка.